Освалд Среќниот зајак е првата ѕвезда на Дизни и претходник на славниот Мики Маус, пишува „Хафингтон Пост“.
Анимираниот филм „Ѕвончиња на санки“ е направен во 1928 година, една година откако се направени првите скици од првиот Дизниев анимиран лик. Волт Дизни го реализирал филмот во траење од шест минути, во соработка со колегата Аб Ајверкс.
Реставрираната верзија на овој цртан филм премиерно ќе биде прикажана на 12 декември во киното на Британскиот филмски институт, во божикниот специјал на Дизни.