На 16-ти ноември (понеделник) во Кино Фросина – МКЦ, со почеток од 21 часот, организацијата Хип Хоп Македонија ќе одржи промоција на македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка”.
Од организацијата велат дека на филмот е работено две години, а се работи за 38-минутен колаж од размислувања на голем број хип хоп артисти кои оставиле белег на македонската андерграунд сцена: Ицко и VG (Чиста Околина), DJ Гоце (САФ), Против Сите и Green Out (Легијата), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Тигаз (ДНС), ПУКА Козметика, Хром (графити), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), Токсиколози, Зад Аголот, Тони Зен, Слаткаристика, Авторизација, Дивизија, Титаниум, Стрес, Огнен beatbox.
Името на филмот доаѓа од идејата дека спојувањето на нивните размислувања во една идеја е процес сличен на сложувањето на коцките кај сложувалките, со цел на крајот да се дојде до бараниот резултат. Филмот ќе биде промовиран во рамките на филмскиот фестивал Cinedays, додаваат од Хип Хоп Македонија.