Пролетен базар на домашни ракотворби

Од:

На плоштадот „Филип Втори“ во Скопје денеска и утре се одржува Пролетен базар на домашни ракотворби, на кој се изложени домашни ракотворби и практично претставени голем број занаети, како  и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните.

Во рамки на оваа традиционална манифестација годинава се промовираат грнчарскиот занает, изработка на филигран, народни носии, изработки од камен,  шишиња, изработки на кукли, икони, филц, накит, музички инструменти, цртање чаши со македонски мотиви, папучарскиот занает, изработка на свеки од восок, аранжирање на цвеќе и икебани.

Целта на овој настан е да се истакне значењето на овие кадри  за занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето  вештини и компетенции, а со цел поттикнување на младите  да се запишуваат  во средните стручни училишта. Исто така, да се промовираат занаетчиските занимања  кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските  производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ