Прогласена најдобрата фотографија од дивината за годинава

Од:

Британскиот природонаучен музеј годинава му ја додели првата награда за фотографија од дивиот свет, на рускиот фотограф Сергеј Горшков. Ова, според многумина, е еден од најпрестижните натпревари за фотографија посветени на животинскиот свет.

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го објави победникот на овогодишниот натпревар Наградената фотографија е насловена „Прегратка“ и покажува миг кога тигрицата „прегрнува“ едно дрво за да ја обележи својата територија.

Сликата од сибирска тигрица е направена во Националниот парк „Земја на леопардите“ во руското Приморје на крајниот исток.

Фотографијата од загрозеното животно како ужива во мирот во денешнинава, изгледа „охрабрувачки“, прокоментираа организаторите на натпреварот од Британскиот природонаучен музеј. На настанот беа продадени 49.000 фотографии.

Финката Лина Хаикинен пак, го доби признанието најдобра млада фотографка на дивината, за нејзината слика од лисица која се крие, за некој од нејзиното семејство да не ѝ го земе пленот.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска