Принцот Хари прозборе за тепачката со неговиот стрико

Од:

Британскиот принц Хари негираше дека му раскрвавел носот на својот стрико, принцот Ендру, за време на тепачка на семеен собир во 2013 година, според новата биографија на војводата од Јорк, пишува „Дејли меил“.

Според биографот Ендру Лоуни, расправијата ескалирала во физички конфликт откако, наводно, Хари му рекол на својот стрико дека е кукавица затоа што зборува за него зад грб, а не во лице, објави „Гардијан“.

Лауни тврди дека Ендру ја почнал прв тепачката и завршил со крвав нос пред да се разделат.

Биографијата, насловена „Подемот и падот на куќата на Јорк“, исто така тврди дека Ендру му рекол на Хари дека неговиот брак со Меган Маркл нема да трае повеќе од еден месец.

Тој наводно ја обвинил Меган дека е опортунист, како и дека е премногу стара за Хари, додавајќи дека неговиот роднина прави најголема грешка и требало да ја провери нејзината историја пред да се свршат во 2017 година.

Портпаролот на Хари и Меган изјави дека принцовите Хари и Ендру никогаш немале физичка конфронтација и дека вториот никогаш не дал такви коментари за Маркл.

Војводата и војвотката од Сасекс испратија писмо до Дејли Меил откако весникот објави материјал полн со неточности, навреди и клевети.

Во биографијата, исто така, се тврди дека Хари и неговиот брат Вилијам имале „проблематична“ врска со години со Ендру, кој наводно бил груб и кон сопругата на Вилијам, Кетрин, принцезата од Велс.

Принцот Ендру падна во немилост на кралското семејство по интервјуто од 2019 година во кое зборуваше за своето пријателство со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, поради кое му беа одземени кралските и воените титули во 2021 година.

Кралот Чарлс му дозволи на својот помлад брат да престојува во резиденција со 30 соби во паркот Виндзор, но минатата година му го укина годишниот приход од еден милион фунти.

Хари ги прекина врските со своето семејство, наведувајќи ја „токсичноста“ на кралскиот начин на живот, како и наводниот расизам кон неговата сопруга, за да се пресели прво во Канада, а потоа во САД во 2020 година.

Порано оваа година, тој изјави за Би-Би-Си дека му простил на своето семејство и дека „би сакал да дојде до помирување“.

Би можело да ве интересира

Илон Маск со објава на Х за соработката меѓу SpaceX и 4iG за Starlink

Модната индустрија пред голема промена: Што ќе прават Chanel, Zara и останатите со непродадената облека?

Откажан концертот на Дино Мерлин во Краљево, по барањата на ветераните да биде забранет

Предраг Петровиќ

Доли Партон погребана во тесен семеен круг: Последната желба ѝ е исполнета

Од девојче кое живеело во дрвена куќа до жена што изгради империја: Што сè остави Доли Партон зад себе?

Предраг Петровиќ

Умре Шпанецот кој го одгледаa волци