Редок примерок од првиот стрип со супер-херојот Супермен, објавен во 1938 година, е продеден на аукција во американсата сојузна држава Тексас за сума од 956.000 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Аукшн“ од Далас.
Во соопштението се наведува дека оваа остварена сума на наддавањето е многу повисока од цената што ја очекувала аукциската куќа од околу 750.000 долари.
Добро зачуваниот примерок на стирпот, кој според „Херитиџ Аукшн“, претставува „свет грал за колекционерите на стрипови“, на насловната страна го прикажува Супермрн како крева зелен автомобил во воздухот.
Се претпоставува дека до денес се зачувани само стотина примероци од овој стрип, чија цена при издавањето пред 78 години била 38 центи.
Овој примерок на стрипот досега беше во сопственост на еден колекционер, кој го купил во 90-те години на минатиот век за сума од 26.000 долари.
Новиот сопственик на стрипот побарал да остане анонимен.