Пријателски експеримент: Љубовна врска од 40 дена

Од:

Графичките дизјанери и пријатели од Њујорк, Џесика Волш и Тим Гудман решиле да направат необичен експеримент.

Бидејќи и двајцата биле слободни и незадоволни од своите љубовни животи, решиле нивното пријателство да го претворат во пробна 40-дневна љубовна врска.

Волш и Гудман утврдиле и правила за нивната љубовна врска кои предвидувале дека нема гледање и секс со други личности, заедничка посета на психотерапевт еднаш неделно, секојдневни средби, излегување навечер најмалку три пати во неделата и еден заедничи викенд-одмор.

Се она што го доживувале за време на „експериментот“ тие го објавувале на заедничкиот блог „40 дена љубовна врска“, кој прераснал во нивни онлајн дневник.

Блогот станал многу популарен и само за неколку дена собрал над 500.000 поддржувачи. Луѓето почнале да ги препознаваат на улица и ги застанувале за да им ги пренесат своите мислења и впечатоци.

Тие признаваат дека емоциите што ги доживеале за време на „љубовната врска“ биле вистински, а Волш била фасцинирана од тоа што двајцата „ист настан интерпретирале на различен начин“.

По 40 дена, како што и било договорено, тие ја прекинале „љубовната врска“ и по тој повод на блогот објавиле видео во кое читале записи од своите дневници.

Но, само шест недели по завршувањето на експериментот, Волш го запознала „човекот на својот живот“ и на почетокот на годинава се омажила за него. На свадбата присуствувал и Гудман, со кого и натаму се добри пријатели.

Волш и Гудман решиле и да профитираат од својот екпримент, па објавиле и заедничка книга за нивното искуство од „љубовната врска“. Авторските права за нивната приказна ја откупи филмската компанија „Ворнер Брос“, која има намера да сними филм за овој љубовен експеримент.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска