Претседателот на Исланд би забранил пица со ананас

Од:

Претседателот на Исланд, Гудни Јоханесон изјави дека не сака да јаде ниту гледа ананас на пица и доколку би имал такво моќ би ја забранил таа комбинација.

Минатата недела, одговарајќи на прашања на ученици во Акурејри, Јоханесон изјавил дека негов омилен фудбалски тим е Манчестер Јунајтед и дека тој бил „фундаментално против“ ананас на пица.

Претседателот изјавил дека доколку може, би го забранил ставањето на ананас како додаток на пица.

Денеска тој го појасни овој негов став, преку објава на Фејсбук.

„Сакам ананас, но не на пица. За среќа и немам таква моќ да можам да им забранувам на луѓето да ставаат ананас на пица.“ напиша Јоханесон на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава