Понекогаш е многу тешко да се препознае дали партнерот е само нервозен во даден момент или е склон кон емоционални уцени и „вампиризам“. Научете да ги толкувате неговите постапки.
Не прашува, туку бара
Компромисот е збор кој не го познава и не прифаќа „не“ за одговор.
Отпорот секогаш е присутен
Секоја ваша дискусија, па дури најбаналната се претвора во караница. Тој едноставно не поднесува да му се спротиставувате.
Ве притиска
Тој сака само она што нему му е по волја, а доколу вие истото не го сакате, ќе направи се за да ве присили да го смените мислењето.
Заканата му е како добар ден
Заканите се од типот „доколку не го направиш тоа јас ќе те оставам…“
Ако во ова го препознаете вашиот партнер, време е за прекин на врската.