Како би реагирале доколку на улица налетате на човек „пресечен на половина“ кој се разминува со вас?
Веројатно никогаш не сте размислувале за нешто такво, сметајќи дека тоа би било невозможно.
Но, сепак, тоа што е „невозможно“ му падна на памет на илузионистот Енди Грос, кој реши да ги преплаши случајните минувачи и сето тоа да го снима со скриена камера.
Некои минувачи вриштеа, некои побегнаа, некои паѓаа бегајќи.