Најновите истражувања покажуваат дека 73 проценти од жените се запоставени од страна на своите сопрузи, додека 57 отсто веруваат дека љубовната афера може да го спаси бракот.
Иако за поголемиот број жени прељубата е знак дека врската завршила, според резултатите на најновото истражување една од три жени веруваат дека аферата со друг маж всушност може да го спаси нивниот брак.
Дури 73 проценти од прељубничките изјавиле дека тоа го направиле бидејќи биле запоставени од сопругот, поради што емотивно се оддалечиле.
– Тоа не е никаво изненадување. На многу жени им недостига внимание, а ужасно е да се чувствувате осамено во бракот, изјави Ноел Бирдмен, основач на сајтот „ешлимедисон.ком“ (ashleymedison.com).
Тој тврди дека реалноста е таква што многу луѓе не можат да ги остават своите партнери поради финансиски причини, поради што своите потреби ги задоволуваат надвор од домот.
Дури 67 отсто од испитаничките изјавиле дека се одлучиле на прељуба поради незадоволителниот секс со својот сопруг.
Некои имале и корист од прељубата односно 32 проценти истакнале дека по љубовната афера им се подобрил односот со сопругот.
– Мажите сексуалчниот врв го достигнуваат во дваесетите години, додека жените во триесетите и четириесетите години. Секој сака да биде посакуван, така што не треба да ги обвинуваме жените ако се чувствуваат непривлечни во својот дом, наведува Бирдмен.
Од друга страна Дениз Робертсон, водителка на шоуто „Оваа утро“ (This Morning) неодамна ги критикуваше љубовните афери бидејќи тие можат да предизвикаат многу болка кај партнерот.
– Ако двајцата се договорите дека можете да имате секс надвор од бракот, тогаш тоа е добро. Но, ако едниот врши прељуба, а другиот не, тогаш ќе предизвикате голема болка кај тоа лице. Ако вашиот брак е како затвор, излезете од него. Никој не смее да смета дека е затворен во бракот, истакна Робертсон.