Младиот Британец Ангус Мејнланд запознал една девојка во возот на релација Кристал Палас – Саутхемптон, со која убаво си поприкажале, но заборавил да и го побара телефонскиот број.
За среќа, благодарејќи на социјалната мрежа Твитер, оваа љубовна прикзана доби среќен крај.
Откако, се свестил од возбудата и сфатил дека ја пронашол „жената на својот живот“, 19-годишниот Ангус се пушти во потрага по девојката со италијански нагласок преку Твитер.
За време на патувањето тие сликале и неколку „селфи“ фотографии, со чија помош Ангус трагаше по „Италијанката“. Под фотографиите тој напиша дека таа е „неговата сопруга“ која ја барал цел живот.
За само три дена неговиот „оглас“ бил реобјавен повеќе од 4.800 пати.
– Не очекував ваква поддршка. Ова е неверојатно. Повеќето од луѓето што ми се јавуваат ми изразуваат целосна поддршка, напиша Ангус во првите денови од потрагата.
По неколку дена, преку корисниците на Твитер Ангус стапил во контакт со девојката, чие име не е обелоденто и тие сега редовно комуницираат.
– Ви благодарам на сите на ретвитувањето. Можете да ја прекинете потрагата. Ја пронајдов и сега разговараме. Таа сето ова добро го прифати. Сега го знам и нејзиното име. Не сакам да размисувам каква будала бев, напиша среќниот Ангус на својот профил на Твитер.