Прејадувањето поттикнува ширење на зараза

Од:

Прејадувањето може да биде причина за брзо ширење на инфекции, покажуваат резултатите од најновото истражување на Универзитетот во Единбург.

Научниците кои проучувале бактериски инфекции кај малите водни мушички откриле дека зголеменото количество на храна во нивната околина го забрзува ширењето на зараза.

Тие ја спровеле студијата со цел подобро да се разберат факторите кои влијаат врз пренесувањето на болести.

Истражувачите откриле дека мушичките кои се изложени на постојан извор на храна почесто пренесуваат болести, затоа што подолго можат да носат паразити и да им остават време да се размножат.

Тие истакнуваат дека се уште не е јасно дали изворот на храна е клучен за ширење зараза меѓу луѓето и животните, но укажуваат на таква можност.

– Кога би знаеле кои единки повеќе пренесуваат болести, полесно би ги спречувале инфекциите. Знаеме дека контактот меѓу две единки е важен, но сега знаеме дека барем кај животните и исхраната е многу важна, изјави шефот на истражувачкиот тим Педро Вале.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов