Мажите секогаш истакнуваат дека жените „сакаат“ да комплицираат, а француските психолози потврдија дека предрасудите кај дамите во голема мерка предизвикуваат проблеми во врската.
Најчести предрасуди во емотивниот однос се:
Ако покажам дека сакам сериозна врска и брак ќе мисли дека очајно сакам да се омажам и тоа ќе го одбие
Истражувањето покажува дека дури 73 отсто од мажите сакаат кога жената презема иницијатива во врската. Доколку настојувате да оставите впечаток дека не ви е многу важно за партнерот, тој може да помисли дека навистина е така. Ако покажете дека сакате љубов, партнерот тоа ќе го почитува и јасно ќе ви стави на знаење дали може да ви пружи тоа што го барате.
Сите мажи се лоши, нема заштитници и џентламени
Ова е типична предрасуда на современите дами кои себе си се доживуваат како романтични принцези, но психолозите сметаат дека позади таквите флоскули се крие страв од врзување. Со ваквиот став го одалечувате потенцијалниот партнер.
Мажите сакаат само убави девојки
Тоа навистина не е точно, а убавината е релативна работа. Голем број мажи за сериозна врска и брак бараат жена која карактерно им одговара, па често го занемаруваат изгледот.