Правење бебиња

Од:

Пред четириесет години, постоеше само еден начин за луѓето да се размножуваат. Машката сперма ќе се споеше со женската јајце клетка во нејзиното тело. Тие ќе направеа зигот кој потоа стануваше ембрион, а потоа и фетус. Ако имавте среќа, жената ќе го носеше фетусот до породување, и ќе се родеше бебе. Овој процес не се сменил уште одамна, многу пред кој било да не нарече луѓе. Се додека еден ден, по многу години тестирања и грешки, д-р Патрик Стептоу и д-р Роберт Едвардс не споија јајце клетка од Лесли Браун со сперма од нејзиниот сопруг Џон во епрувета, и потоа во нејзиниот утерус го вметнаа ембрионот кој се создаде. На 25 јули 1978, Лесли Браун стана позната во светот како предводник во револуцијата не само во технииките за репродукција, туку и во создавање на една нова култура. Во тоа време, Џејмс Вотсон кој учествуваше во откривањето на структурата на двојната плетка на ДНК, предупреди дека ако ин-витро оплодувањето биде дозволено да се врши на пошироко ниво, „ низ целиот свет ќе се отвори пеколот, и политичкиот и моралниот“. Оттогаш не само што напредуваа техниките за репродукција, туку тоа отиде во непредвидени правци, и со мала критика од јавноста. На пример, во изминатите 20 години, новата процедура наречена интрацитоплазмично вбризгување сперма им овозможи на клиничките сцецијалисти за оплодување да одберат посебен сперматозоид и го вметнат во јајце клетка. Тоа е единствената опција за мажите кои имаат многу ниска вредност или квалитет на спермата, и за стотици илјади мажи тоа овозможи да имаат деца, а со тоа и да се смени нивниот живот. За среќа, излезе дека оваа процедура предизвикува релативно мали ризици за дефекти при раѓање.

И следните иновации во репродукцијата најверојатно ќе се развиваат на сличен начин – предводени од практичари и со мала контрола од владата на САД. Изгледа дека малкумина сакаат да му застанат на патот некому кој посакува биолошко семејство. И досега никој не го сторил тоа. Но некои од техниките за репродукција кои се на дофат, можат да ја стават на тест нашата флексибилност. Во текстов, кој произлезе од разговори со професори, лекари и претприемачи, се отвараат мноштво претпоставки како иднината може да го смени начинот на создавање човек – од силната желба да се забремени до механичките процеси на создавање, се до денешната дефиниција за семејството.

1. Потребно е цело село за да се направи дете

Донирањето на сперма и јајце клетка, и сурогат мајчинството, веќе воспоставија невообичаени родителски конфигурации. Во некои случаи – да речеме таткото прави договор со донатор на јајце клетка и потоа и со сурогат мајка – и од тоа може да се каже дека новото бебе има тројца биолошки родители. Но ова е само почетокот на она што може науката да го овозможи во блиска иднина. Со една нова процедура за ин-витро оплодување може да се комбинира нуклеус од јајце клетка на пациентка со митохондриска ДНК од јајце клетката на донаторот. Агенцијата за лекови и храна на САД (ФДА) се подготвува да ја одобри оваа техника која може да спречи појава на болести кои потекнуваат од митохондриската ДНК, и која е веќе успешно тестирана кај мајмуни во лабораториски услови. Или да се земе трансплант од утерус, каде здравиот утерус на жена се имлантира во нечиј друг стомак. Од 2012 година, девет швеѓанки добиле донација од утерус од свој роднина – во најголем број случаи од нивни мајки. Тие сега се подложени на ин-витро третман, во обид да забременат и да си носат свое бебе. Ако ова успее, тие ќе бидат првите жени кои ќе износат бебе во матка на друга жена. И не само тоа; нивните деца во тој случај ќе спијат во иста „соба“ како и нивните мајки. Импликациите се фасцинантни. Како што напиша Клара Томсон, социолог на Лондонската школа за економија, во својата книга за ин-витро оплодувањето, „родителството се мултиплицира“.

2. Вашиот биолошки часовник ќе се прилагодува само за вас

Еден од клучните проблеми во истражувањата за плодноста е како да и се помогне на жена која сака подоцна во нејзиниот живот да основа семејство. Многу жени во своите доцни триесети години и подоцна се одлучуваат за ин-витро оплодување, вообичаено со малку смисол за тоа дали нивните физички карактеристики и скапите третмани ќе успеат. Службите како Јунивајфи се обидууваат да им помогнат на жените подобро да ја разберат нивната плодност. Еден од коосновачите на Јуниваајфи, гинекологот и истражувач на плодноста Мајлин Јао, вели дека жените мораат подобро да се запознаат со нивните шанси да забременат со помош на ин-витро отколку да се потпираат на грубите проценки на основа на возраста кои ги прават повеќето клиники за оплодување. “Не постои нешто такво како што е 38-годишна жена“, ми рече Јао. Нејзината компанија истражува на основа на детални податоци од петгодишната студија за пациенти кон биле подложени на ин-втиро, и на основа на други модели за предвидување за да обезбедат лични информации за изгледноста на секоја личност да забремени. Таа ги споредува овие обиди со оние на Нетфликс и Амазон. „Сите ние како конзументи добиваме подобри информации за да предвидиме со купувањето онлајн, отколку од здравствениот систем“.

3. …И создавањето ќе биде прецизно временски нагодено

Макс Левичин е ко-основач на Глоу, апликација за следење на плодноста, која им помага на корисниците да го прецизираат времето за секс, за поголеми шанси за забременување. Ова не е нешто ново и револуционерно – доброто познавање на менструалниот циклус, термометарот, пенкалото и хартијата, ќе ви помогнат да го дознаете истото – но со овозможување за корисниците анонимно да пополнат прашалник, тоа ќе доведе до подбро познавање на шаблоните кај пошироката популација. Изненадува тоа што има многу малку големи истражувања на основа на обидите на двојките за забременат; Левчин се надева дека податоците кои ги собираат преку Глоу, можат да помогнат да се смени тоа. Проблем е што податоците кои луѓето ги оставаат се многу малку веродостојни. На пример, мали варијации во температурата се клучни за предвидување на овулацијата, а девијациите за тоа кога точно жената да си мери температура можат да доведат до неточности во составување на податоците. Понатаму, Левчин вели дека едноставни сензори ќе имаат силен ефект врз очекувањата на двојките да забременат, и на крајот, на нашето разбирање за шаблоните за плодност. Тој размислува за термометар како лепенка кој „може да се залепи на некое место, да речеме на грбот. Така постојано ќе ги имате последните податоци за температурата на некое лице“, објаснува тој.

Таквото следење може да биде дури и поважно за мајките кои очекуваат да забременат. Тајвански дизајнери веќе работат на апликација наречена Фетус кер, за која тие велат дека ќе користат податоци од сензор за да се следат загрижувачките контракции во утерусот, или за абнормални отчукувања на брзината на срцето кај фетусот. Можеби еден ден, сензори импланти ќе ја следат внатрешната состојба на матката. На крајот, ФДА дозволи користење на сензори за собирање на податоци кои се внесуваат орално, за други делови од телото.

4. Синтетичка сперма ќе го спасува нуклеусот на семејството

Се додека се забавуваме со се уште далечни, но технички возможни сценарија, најрадикалната ревизија во репродукцијата можеби ќе биде создавање на вештачки основни состојки, познати уште и како сперма и јајце клетка. Истражувачите можеби ќе можат да земат клетка од возрасен маж или жена, ќе ги претворат во стем клетка, а потоа ќе ги сменат тие стем клетки во сперма или во јајце клетка. Лекарите веќе успеаја на овој начин да одгледаат лабораториски животни од ист пол.

Тимоти Марфи е професор по филозофија на Колеџот по медицина на Универзитетот во Илиној, во Чикаго, чија работа се фокусира на биоетичките импликации на репродуктивните технологии за хомосексуалци, лезбејки и трансполови луѓе. Тој потенцира дека создавањето на вештачка сперма и јајце клетка, наместо да доведат до радикални социјални промени, можат всушност да ја зачуваат нормативната структура на семејството. „За хомосексуалните и лезбејски двојки, синтетичките основни состојки ќе ја елиминираат потребата од вклучување на трето лице“, забележува Марфи. Овој вид на помошна репродуктивна технологија – „која е онолку „неприродна“ колку што може да биде – ќе им овозможи на двојките од ист пол да ја задржат репродукцијата во самото семејство.

5. Бирањето на гени ќе ве смири

Еве го последниот парадокс: дури и додека расте репродуктивната слобода, овозможувањето на се повеќе разновидни родители да имаат деца, овие родители ќе имаат шанса да одберат онакви деца кои ќе соодветствуваат со се потесниот смисол за тоа што е нормално. Социологот Черис Томсон ми раскажа за разговорот кој неодамна ги имала со еден бритаски лекар за неплодност, кој и укажал на вознемирувачката претстава каде можеби одиме.

– Почнуваме со нудење на вакви пренатални скрининзи за извесни состојби, за кои сите се согласуваат дека можат да бидат многу болни. Тоа не е нешто посебно еугенично (наука за создавање на здрав подмладок), туку повеќе има врска со баласнирањето помеѓу децата и родителите. Но ова е лизгав терен“, ми рече таа. „Што повеќе имате шанси да се тестирате и да дознавате од скрининзите, тоа се повеќе луѓе го користат. А примерот кој овој човек ми го даде беше големиот број на луѓе кој би избрале да го абортираат фетусот за кој ќе се открие дека има еден прст повеќе“.

Скоро единаесет години по завршувањето на проектот Хуман геном, технички е можно да се скенира целиот геном на ембрионот за време на процесот со вештачко оплодување. Ако родителите решат да ја прекинат бременоста за да избегнат екстра прст, колкумина ќе се спротивстават на предизвикот да имплантираат емрион само со „најдобри“ геноми?

Сакаме да речеме дека иднината на репродукцијата може се повеќе да ги разедини семејствата се повеќе да прават исти бебиња.

Кратка историја на помош при репродукција
1677 – Антоние ван Лувенхоек набљудувал сперма низ мироскоп
1784 – Првото успешно вештачко оплодување на куче
1934 – Германскиот лекар Херман Рохледер ја објавува „Бебиња од епрувета“, книга за помош при репродукција
1978 – Родена е Луиз Браун, првото бебе од епрувета (со ин-витро процедура)

Предвидувања
2029 – Ако продолжат сегашните трендови, стапката на раѓање на близнаци
ќе достигне до 43 проценти, што е пораст од 1,9 проценти во споредба со 1980
2050 – Границите за возраст за носење бебе може да биде ефикасно елиминирана со замрзнување на јајце клетки, со ин-витро оплодување, и со технологиите за вештачки матки.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ