Рускиот милионер и основач на една од најпопуларните друштвени мрежи во тој регион Павел Дуров, снимен е како фрла пари од прозорецот на својата компанија.
Дуров кого често го викаат рускиот Марк Цукемберг правел авиони од 5.000 рубљи (околу 120 евра) и ги фрлал на улица.
Очекувано пред зградата на неговата компанија се насобрала маса на луѓе која ги ловела парите.
Се верува дека Дуров поделил околу 1.600, евра а тој објаснил дека само сакал да го направи градот повесел.