Позната руска инфлуенсерка почина oд глад и исцрпеност

Од:

Руската инфлуенсерка Жана Самсонова, позната по консумирањето веганска исхрана, почина во Малезија „од глад и исцрпеност“ откако се префрли на „екстремна диета само од тропско овошје“, објави денеска Дејли мејл.

Oфицијалната причина за смртта не е утврдена бидејќи семејството се уште се обидува да го врати нејзиното тело во Русија.

Инфлуенсерката во Малезија се префрли од веганска на исхрана со исклучиво сурово овошје и зеленчук, споделувајќи ги она што таа го опиша како „здрави“ рецепти на нејзиниот профил на Инстаграм.

„И покрај фактот што подготвувам фенси сурови јадења, јас јадам многу едноставно. Мојата храна е едноставна, без масло, без сол, без протеини. Денес за ручек имам вкусен кефир од авокадо, слатки домати од цреша и зрело авокадо“, напиша таа во една од објавите.

Дејли Мејл пишува дека нејзините пријатели и семејството ја предупредиле дека нејзината исхрана е екстремна. Самсонова во 2021 година се разболела од вирусот Ковид-19 и дека тврдела дека се излекувала од него со тоа што не пиела и не јадела ништо повеќе од десет дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инфлуенсерка монструм: Мачела животни на Youtube за лајкови и пари

Полицијата уапси познат тиктокер за семејно насилство: Осомничен е дека ја нападнал својата партнерка

ДНК анализата потврди дека распарченото тело е на кинеската инфлуенсерка

Катерина Ѓуровски