Познатиот перуански готвач Виргилио Мартинез бил задржан на аеродромот во Лос Анџелес, поради тоа што во една торба имал 40 пирани.
Рибите биле замрзнати, вакуумски затворени. По пет часа, јужноамериканскиот готвач е пуштен со својот необичен багаж.
За „Лос Анџелес тајмс“, тој изјави дека уште истата вечер ги искористил пираните за во салата.
Мартинез е сопственик на ресторанот „Централ” во Лима, Перу, којшто 2014 година беше проглассен за најдобар во Јужна Америка.
Учествувал и во третата сезона на емисијата на Нетфликс – „Масата на мајсторот“ („Chef’s Table”).