Позитивниот разговор ја спречува кавгата

Од:

Изразите „без потреба се грижиш“ или „правиш драма“ се само потсетник дека вашиот соговорник не ве слуша, а „никогаш“ или „секогаш“ означуваат негативност и треба да се исфрлат.

„Проблемите доаѓаат од усните“, вели една стара кинеска поговорка, која најдобро ги опишува луѓето со лоши комуникациски вештини. Тие најчесто ги потценуваат или ги игнорираат чувствата на соговорникот во расправата и ги изговараат термините како „без потребно се грижиш“, „правиш драма“, „не ме интересира“.

Тие научени форми на однесување го навредуваат соговорникот и оневозможуваат нормален разговор. Со ваквата комуникација тешко се остваруваат хармонични односи и би требало да се менува таквиот пристап, дури и кога лошите намери навистина не се присутни, советуваат психолозите.

Секогаш, никогаш, секој пат – треба да се исфрлат од расправата

Овие наизглед едноставни зборови имаат многу комплицирано значење во контекст на расправата. Најчесто се однесуваат на лошите карактеристики или однесувањето, таков пример се зборовите како „секогаш“, „никогаш“, „секој пат“, „повторно“, „сите“, никому нема да му помогнат. Намалете ги или уште подобро, целосно исфрлете ги од расправиите и така двата соговорници ќе бидат задоволни.

На пример:

Секогаш ја оставаш подигната даската од веце школката

Никогаш не се прашуваш како јас се чуствувам

Повторно си мрзлив

Секој пат забораваш

Сите знаат дека си разгалена

Таквите универзални реченици се проблематични на неколку начини, а првенствео поради тоа што го осудуваат оној на кои се упатени. Тие како второ се насочени кон тоа што е погрешно, а не покажуваат како нешто може да се подобри. Ваквите реченици е особено важно да се избегнуваат во разговор со децата, затоа што негативно влијаат врз нивната самодоверба.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска