Во време на социјалните мрежи и различните трендови малку работи можат да изненадат. Сепак, еден од најновите предизвици дефинитивно е на патот да стане еден од најбизарните.
По предизвикот во девојките со вкрстени раце зад грб се обидуваат да го допрат папокот за да утврдат во каква физичка форма се и колку треба да ослабат, доаѓа уште еден, сличен предизвик – „клучна коска“.
Овој тренд кој почна Инстаграм, подразбира девојките да објавуваат фотографии каде ставаат монети во вдлабнатината на клучната коска, а „победничка“ е онаа која ќе успее да се фотографира со најмногу ситни парички.
Секако, ова движење натераа многумина да му пријдат од ироничен аспект и да се исмеваат со целиот „проект“.