Потрошил 600.000 евра и направил 32 операции за да изгледа како Корејка, сега сака повторно да биде маж

Од:

Британецот Оли Лондон поминал низ дури 32 естетски операции во обид целосно да го промени својот изглед, а за трансформациите потрошил околу 600.000 евра. Сега се обидува да се врати кон својот претходен изглед и повторно да живее како маж.

Приказната на Лондон започнала во 2013 година, кога се преселил во Јужна Кореја каде што работел како наставник по англиски јазик. Таму станал фасциниран од корејската поп-култура и од изгледот на К-поп ѕвездите, а особено од Џимин, член на популарната група BTS.

Во следните години почнал серија естетски интервенции со цел неговото лице да добие карактеристики слични на оние на корејските музички ѕвезди. Меѓу зафатите што ги направил биле повеќекратни операции на носот, интервенции на очите, подигнување на лицето и веѓите, операции на брадата и јаболчниците, стоматолошки интервенции и други козметички процедури.

Лондон во еден период јавно се идентификуваше како Корејец, а во 2021 година тврдеше дека направил „расна транзиција“. Неговите изјави предизвикаа бројни реакции и критики во јавноста, особено поради поврзувањето на физичкиот изглед со етничкиот идентитет.

Подоцна неговата трансформација доби уште еден пресврт. Во 2022 година Лондон се идентификуваше како трансродова жена и најавуваше дополнителни операции, меѓу кои и интервенции со кои сакал да го доближи својот изглед до пејачката Розе од групата BLACKPINK.

Но, истата година ја промени одлуката. Во октомври 2022 година соопшти дека повеќе не сака да живее како жена и дека сака повторно да живее како маж.

Тој подоцна изјави дека сака да престане со постојаното менување на својот изглед и дека неговите бројни операции биле дел од опсесивна потрага по физичко совршенство.

До моментот кога ја објави оваа одлука, Лондон имаше направено 32 естетски операции. Меѓу нив имало шест операции на носот, операции на очите, затегнување на лицето, подигнување на веѓите и слепоочниците и други интервенции.

Неговата необична приказна во изминатите години привлече огромно внимание на социјалните мрежи и во светските медиуми, а Лондон и денес е активен како интернет личност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавени нови НЛО снимки кои ја шокираат јавноста, истражителите без објаснување

Предраг Петровиќ

Кина и САД со нова битка за освојување на Месечината

Објавена снимка од апсењето на познатиот спортист, одби да направи алкотест

Предраг Петровиќ

Бен Афлек освои милион долари во хуманитарното издание на „Кој сака да биде милионер?“

Предраг Петровиќ

Клуни во неизвесност: „Не знаеме дали нашиот дом ќе преживее“

Предраг Петровиќ

Белата куќа со ново видео ја шокираше јавноста: Кејти Пери итно се огласи

Предраг Петровиќ