По подолго време, поради ситуацијата со коронавирусот, на радост на најмалите, Детскиот фестивал „Поточиња“ повторно на отворена сцена и пред публика ќе го одржи своето 18-то издание. Фестивалот ќе се одржи утре на „Школка“ во Градски парк“ со почеток од 11 часот.
На публиката ќе и бидат претставени нови единаесет песни, а низ фестивалската приказна ќе ги води популарната маскота „Поки“.
Од организацијата „Пап продукција“ информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца – учесници, кои пак со многу љубов, труд и посветеност земаа учество во новото издание.
Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид-19.