Поштенска марка со вкус на чоколадо

Од:

 Замислете марка, која кога ќе ја лизнеш, пред да ја залепиш на ковертот, да почуствувате вкус на чоколадо. Токму таква ќе издаде белгиската пошта  наредниот месец.

– Во лепакот додадовме вкус на чоколадо кој може да се почуствува кога ќе ја лизнете пред да ја залепите на ковертотт, соопштија поштански официјални лица и објаснуваат дека воопшто не било лесно да се направи таква една марка.

– На тоа работеа експерти од Белгија, Германија, Холандија и Швајцарија, а марката ќе мириса на чоколадо и ќе биде насликана со чоколади во разни форми.

Марките се наменети за меѓународниот сообраќај, ќе чинат 6,20 евра, а направени се во чест на познатата белгиска чоколада, јави „Телеграф“.

Филателистите не се воодушевени со новата марка.

– Во ред е да се оди во чекор со новите технологии, но таа марка е само уште еден трик производ. Мило ни е што не промовираат живот во природата и да објават марка со слика на твор, на пример, објавено е на сајтот www.stampcommunity.org.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски