Полнети телешки ролнички

Од:

Идеја за еден убав и вкусен ручек …

Потребно е:
околу 1 кг тенко исечени телешки шницли

за полнењето:
1 лажица маслиново масло
1 помала главица кромид
2 чешниња лук
сол и бибер, по вкус
1/4 лажиче оригано
125 гр лебни трошки
1 јајце, изматено
околу 750 мл сос од домати
60 мл суво бело вино
2 лажичиња слатка или лута мелена црвена пиперка
сецкан свеж магдонос

за сосот од домати:
1 лажица маслиново масло
1 главица кромид
2-3 чешниња лук, издробени
125 мл црвено вино
околу 800 гр сецкани домати од конзерва
1 лажица сецкан свеж магдонос

Подготовка:
– Прво направете го сосот од домати. Загрејте го маслото во поголема тава и додадете го ситно сецканиот кромид. Пржете го на средна температура додека да омекне. Додадете го лукот и пржете го само додека да замириса, околу 1 минута.

– Сипете го виното, зголемете ја температурата и варете со повремено мешање додка да испари цела течност.

– Додадете ги доматите, сол, бибер, измешајте, поклопете ја тавата и варете на тивко 15-20 минути.

– На крај додадете го ситно сецканиот магдонос, измешајте и оставете ја тавата на страна.

– Преминете на подготовка на полнењето за шницлите. Во тава ставете 1 лажица маслиново масло, загрејте го и додадете го ситно сецканиот кромид. Пржете додека да омекне околу 10 минути. Потоа додадете го лукоти пржете само да замириса. на крај додадете ги ориганото, сол и бибер.

– Тргнете ја тавата од рингла, сипете ја содржината во друг сад и оставете да се излади. Потоа додадете ги лебните трошки, бибер, јајце и ситно сецкан магдонос и убаво измасете со рака.

– Шницлите посипете ги со бибер и малку посолете ги. на почетокот на секое парче месо ставете по една полна лажица фил и замотајте ја шницлата како ролна. Ако е потребно затворете ги краевите со чепкалки за заби.

– Направете го сосот за шницлите. Земете го подготвениот сос кој го тргнавте на страна. Додадете ги мелената црвена пиперка, сокот од лимон и виното. Убаво измешајте.

– Половина од сосот сипете во огноотпорна тава (22х30 см).

– На сосот наредете ги полнетите телешки ролнички и прелијте со остатокот од сосот.

– Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-40 минути. Месото треба да биде печено и меко. оставете да се излади.

– Послужете го со ситно сецкан магдоноси свежо изрендан пармезан.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски