Најдружељубиви сопатници за време на авионскиот лет се Полјаците, а најмалку расположени за разговор се Белгицијте, покажува анкетата која ја спроведе компанијата Бритиш ервејз.
Дури 82 отсто од Белгијците рекле дека за време на летот сакаат да читаат, а само 16 проценти изразиле подготвеност за разговор со сопатникот.
Германците се патниците кои најретко доцнат на летот, при што само 12 отсто од нив статуваат во последен момент.
Според анкетата за однесувањето на патниците за време на кусите релации, во која учествуваа околу 2.000 Европејци, најнепожелни сопатници се премногу бучните лица.
Белгијците најмногу пијат за време на летот, додека Норвежаните најчесто јадат сендвичи кои ги зеле од дома.
Анкетата покажа дека 65 отсто од патниците изразиле желба да имаат пристап до Интернет за време на летот.
Голем број испитаници изјавиле дека би сакале од авионот да има панорамски поглед.