Четворица италијански полицајци станаа херои на денот, откако светот дозна како успеале да утешат осамена стара брачна двојка во Рим.
Полицијата добила извештај дека некој плаче и вика во еден од становите, а кога дошле на посочемата адреса ги пронашле 84-годишната Џола и нејзиниот 94-годишен сопруг Микеле, објави весникот „Република“.
Несреќните стари лица биле „неутешно осамени“, а откако ги растажиле депримирачките вести од насловните страни на весниците, не можеле да престанат да плачат. Двојката нема деца, најблиските соседи им се отселиле и тие се чуствувале сами и заборавени.
Полицијците решиле да ги утешат и им зготвиле вечера – шпагети со пармезан, а потоа со нив ја минале целата вечер со цел да ги расположат.
Веста за внимателните полицајци набрзо се прошири во италијанските, а потоа и во светските медииуми, а милиони читатели веднаш ги прогласија за херои на денот.