Непознат уметник на еден од главните плоштади во Њу Орлеанс, САД, преку ноќ поставил скултптура на популарниот јунак на видео играта.
Споменикот е направен од плексиглас, но изгледа како да е од бронза.
Градските власти се уште не знааат што ќе прават со споменикот, бидејќи жителите реагирале дека на ваков објект не му е местото на плоштадот каде има спомен обележја на личности, значајни за историјата на Њу Орлеанс.
Од друга страна, споменикот на Покемомон, само за два дена привлекол илјадници туристи кои се сликаат со скулптурата и ги објавуваат фотографиите на социјалните мрежи.