Погрешниот став за љубовта привлекува погрешни мажи

Од:

Многу жени мислат дека добрите мажи веќе не постојат, се плашат од самотија, не знаат дали ќе најдат подобар, а многумина се надеваат дека погрешниот ќе го претворат во вистинскиот.

Доколку не можете да верувате дека повторно сте во лоша врска со погрешен маж, можно е да имате погрешен став за љубовта, тврдат експертите. Но и тоа може да се промени, доколку го смените начинот на размислување и си признаете дека вредите многу повеќе.

Мислам дека веќе нема добри мажи

Доколку не верувате дека постојат добри мажи, мошне лесно можете да се најдете во ситуација да се задоволите со погрешен, бидејќи тој ви изгледа како единствена опција. Промената на ставот за мажите е првиот чекор на патот до подобра врска.

Не знаете кои се вашите критериуми

Совршениот маж прво треба да го замислите, а потоа да го пронајдете во вистинскиот живот. Размислете кои особини ги барате од посилниот пол, дали ве интересира мачо, авантурист или семеен тип. За да дознаете каков маж барате, треба прво да се запознаете самите себе си и своите желби и потреби.

Дури и доколку знаете дека сте во врска со погрешен, не сте сигурни дали сакате раскинување

Иако знаат дека мажот со кој се во врска не е тој вистинскиот, некои жени тешко се одлучуваат за раскинување на врската. Тие не знаат како да ја раскинат врската, бидејќи толку многу се навикнале на животот со партнерот и не можат да замислат како да продолжат сами. Расчистете најпрво самите со себе, а потоа на партнерот кажете му дека вашата врска не функционира, но без непријатности.

Страв од самотија

Жените понекогаш се задоволни со „господинот погрешен“, бидејќи постојано влегуваат од една во друга врска, без одмор, уживање во самотијата и спознавање што сакаат од мажот. Останувањето сами со себе по врската е добро бидејќи ви дава време да анализирате што сакате, а што не сакате од следната врска. Тоа време ви е потребно за да воспоставите критериуми и да го пронајдете вистинскиот, наместо да се задоволите со погрешниот.

Верувате дека можете „господинот погрешен“ да го претворите во „господинот вистински“

Иако повеќето луѓе сметаат дека можат да променат некого на подобро, тоа е редок случај. Луѓето најчесто не се подготвени да се менуваат, а обидот да се промени погрешниот во вистинскиот може да биде фрустрирачки.

Ве привлекуваат само лоши момци

Доколку едноставно ве привлекуваат лоши момци, обидете се да го слушнете сопствениот разум. Сетете се на особините кои ги сакате кај мажите, а доколку ниту тоа не успее, имајте доверба во советите на пријателите.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска