Иванка Трамп во понеделникот го имаше својот прв официјален состанок во Белата куќа, за време на гостувањето на канадскиот премиер Џастин Трудо, а медиумите забележаа на специфичниот начин на кој што таа се однесуваше со него.
„Првата ќерка на Америка“ како што ја нарекуваат Иванка, делуваше фасцинирана од изгледот на Трудо, кој ги освои симпатиите на многу жени низ светот бидејќи е млад, убав и феминист.
Доналд Трамп на прес конференцијата по состанокот објасни дека Иванка и Џастин соработуваат на проект за зголемување на бројот на жени-претприемачи во двете држави.
Медиумите забележуваат дека тие двајца уживаат да соработуваат и дека Иванка воопшто не ги тргнала очите од Трудо за време на состанокот, што резулитраше со огромен број на постови по социјалните мрежи за тоа.