Девојките треба да научат да ги читаат знаците од партнерот и подготвено да ја дочекаат разделбата.
Ги откажува средбите
Во последен момент ја откажува средбата. Не мора да значи дека се ближи крајот, но ако тоа често се повторува, тогаш работата е јасна.
Сака да излегувате само во друштво
Тоа значи дека вашето друштво не му е доволно, па потребно му се повеќе лица за да ја преживее средбата.
Бара од вас повеќе да излегувате со пријателите
Не му е веќе интересно со вас и повеќе сака да седи дома и да гледа телевизија.
Без интимности во јавност
Прегратките, бакнежите на јавно место одеднаш му пречат.
Ве остава да чекате
Кога го барате ви се јавува говорната пошта, а потоа заборава да ви се јави. Ако се уште е заинтересиран за вас сигурно нема да ве заборавел.
Сака малку повеќе „простор“
„Простор“ преведете го со „пауза“, а секоја пауза неизбежно води кон разделба.
Иднината е забранета тема
Не разговара за иднината бидејќи таа тема му пречи. Тоа е јасен знак дека тој во иднина не се гледа со вас.