Почнува првиот Скопски цветен фестивал

Од:

Фестивалот на цвеќето ќе почне утре, во 10 часот, со цветно дефиле во кое ќе учествуваат 500 деца, а кое ќе тргне од плоштадот „Македонија“ и ќе се движи кон Градскиот парк.

Просторот наспроти „Паркот за миленици“ ќе биде поделен на три зони. Првата зона ќе биде зона за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ на овие работилници ќе пренесуваат искуства на сите заинтересирани, а особено на најмладите, како правилно да се садат и негуваат цвеќињата, како да направат цветен аранжман, како да изработат цветно оригами.

Студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, пак, ќе подготвуваат креации инспирирани од цвеќе.

SCF-FLYER-FINAL-FOR-WEB-(ARTEFAKT)

Во втората зона – зона за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејсажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во оваа зона своите вештини ќе ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“, Green planet, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Биропроект, Китка Плант фарма и други.

Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени и тоа: сезонско цвеќе (Impatiens, salvija, begonia, petunia…) од 25 денари; резан цвет (rosa, gerbera, kala, hrizantema,…) од 40 денари; саксиско цвеќе од 95 денари; цветни аранжмани и букети од 100 денари.

Во третата зона – зона за забава и еко-пикник, граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат јога, аеробик и зумба на отворено и да слушаат музика.

Целта на првиот Скопски цветен фестивал е да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, а најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината