Почнува петтиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“

Од:

Со проекција на филмот „Ловец на муви“ во режија на Изер Алиу вечер во киното „Милениум“ ќе биде отворен петтиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на „Џифони Македонија“ Дарко Башески. Тој потенцира дека покрај 15-те филмови во официјална конкуренција, има и придружна програма на филмови, селекција на најдобри филомови за млади од Кореја, филмови кои се повразни со музиката и џезот, во соработка со Скопскиот џез фестивал, кратки филмови на Ханис Багашов, најмладиот режисер во Македонија, кој почнал да прави филмови на 11 години.

– Оваа година на фестивалот ќе имаме три возрасни групи, како и секоја година: јуниори, кадети и сениори или над 700 деца. Сите овие деца се кандидати да бидат во селекцијата од осум деца кои следната година ќе не претставуваат во Италија, рече Башески. Додаде дека годинава имале преголем интерес за фестивалот и оти како партнер на Џифони имаат привилегија да испраќаат двојно повеќе млади членови на жирито, осум, а сите останати држави по четири.

Појасни дека по секоја проекција на филмовите ќе има дискусија на тема на филмовите, а оние деца кои се најакативни, најелоквентни ќе се изберат за да не претставуваат следната година во Италија.

Директорот и основач на фестивалот „Џифони Експириенс“ („Giffoni Experience“) од Италија Клаудио Губитози потенцира дека момчињата и девојчињата од Македонија кои доаѓаат во Џифони Италија се поинакви и секогаш биле забележани, меѓу илјадници млади од 50 земји.

– Македонците секогаш имаа кренати раце за да побараат збор. Навистина се поинакви поради интелигенцијата, подготвеноста и перфектниот англиски јазик, рече Губитози. Додаде дека нивните последни три меѓународни активности се во Македонија, Албанија и Катар.

Италијанскиoт амбасадор во Македонија Карло Ромео посочи дека отворањето на фестивалот се совпаѓа со Неделата на италијански јазик во светот. Според него, фестивалот има богати содржини и голем придонес во продлабочувањето и одржувањето на културната соработка меѓу Италија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска