Почнува петтиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“

Од:

Во кино „Милениум“ вечер во 19.30 часот ќе биде отворен петтиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“, со проекција на филмот „Ловец на муви“ во режија на Изер Алиу.

Филмот е нискобуџетен, снимен во 2016 година, а светската премиера ја имаше на фестивал во Торонто. Режисерот Изер Алиу потекнува од Македонија, живее во Шведска и Норвешка каде го завршил филмското образование. Неговиот игран филм „Ловец на муви“ и претходно краткиот филм „Шунарот“ се снимени во Кондово.

Интернационалното жири на петтиот „Џифони Македонија“ ќе го сочинуваат над 700 млади од 12 држави од Европа на возраст од десет до осумнаесет години. Ќе бидат прикажани 15 играни филмови од официјалната конкуренција, како и многу други кратки и документарни филмови. Планирани се и 11 работилници за филм, театар, музика и танц, како и повеќе придружни активности.

Фестивалската програма за годинашното издание на фестивалот ќе биде соопштена денеска на прес-конференција во Младинскиот културен центар во 11 часот, на која е најавено присуство и на Клаудио Губитози, директор и основач на фестивалот „Џифони Искуство“ (Giffoni Experience) од Италија.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска