Популарниот хрватски пејач Масимо Савиќ почина во Загреб на 60-годишна возраст.
Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а завршил гимназија во Загреб, каде ја започнал својата музичка кариера. Во 1983 година, како водач на легендарната њу вејв / синт-поп група Доријан Греј, го издава својот прв албум – Sjaj u tami , а две години подоцна и вториот албум For Your Eyes.
Веста за смртта на познатиот пејач на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, тој ќе живее во нашите души засекогаш; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна“, се вели во соопштението.