Ирската музичка легенда почина на 56-годишна возраст по долгогодишна борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.
Пејачката стeкна светска слава во 1990 година со нејзината срцепарачка обработка на песната „Nothing Compares 2 U“.
О’Конор е родена во проблематично семејство во Даблин на 8 декември 1966 година.
Подоцна во нејзиниот живот, таа тврдеше дека нејзините проблеми со менталното здравје започнале затоа што нејзината мајка физички и сексуално ја злоставувала како дете.