Лејди Гага на Олимпијадата во Париз му го претставила својот партнер Мајкл Полански како вереник на францускиот премиер Габриел Атал.
На TikTok се појави видео на кое се слуша како пејачката го претставува Полански како нејзин вереник. Двојката го следеше натпреварувањето во пливање на Олимпијадата.
Веста за свршувачката доаѓа откако неодамна во медиумите и на социјалните мрежи се појавија гласини за нејзината бременост, што Лејди Гага на крајот ги демантираше.
Имено, пејачката неодамна се појавила со својот партнер Михале Полански на свадбената проба на нејзината сестра, а еден ден подоцна и на свадбата.
Лејди Гага за свадбената проба на нејзината сестра носеше тесен црн фустан каде што беше нагласен нејзиниот стомак, поради што многумина се посомневаа дека е бремена. Но, Лејди Гага ги демантираше гласините преку нејзиниот профил на TikTok.
За љубовната врска меѓу музичката дива и претприемачот почна да се зборува во 2020 година, кога беа фотографирани како разменуваат нежности на новогодишна забава во Лас Вегас. Само неколку недели подоцна, тие ја објавија својата врска за време на викендот на Супербоул во 2020 година во Мајами.