По 69 години брак, ниту смртта не ги разделила

Од:

Осумдесет и осумгодишниот Џин Ворингтон сам ја прекинал интравенозната терапија и за осум часа починал, откако сфатил дека неговата сопруга Пет, со која бил во брак 69 години наскоро ќе замине од овој свет.

Само еден ден пред Пет (86) да почине во домот, сопругот ја посетил и покрај тоа што и тој бил болен.

Парот кој бил заедно од гимназиските денови, кога во тајност се венчале и не се разделувале никогаш, се држеле за раце 45 минути.

voringtons

Според зборовите на нивниот син Фил Ворингтон, Џин сфатил дека сопругата е во критична состојба и одлучил да ја извади инфузијата, бидејќи не можел да живее без неа.

-Успеавме да им овозможиме да се сретнат на околу 45 минути и тој без прекин ја држеше за рака. Рече дека без неа нема да биде среќен -вели Фил.

Инаку Пет и Џин се запознале во гимназиските денови, се венчале тајно кога тој се вратил од обука за регрути по што отишол во војна. Таа во тоа време имала 16, а тој 18 години и криеле за венчавката за да може Пет да ја заврши гимназијата.

-Ми зборуваше дека кога се вратил од војната, сфатил дека никогаш повеќе не сака да биде разделен од неа- раскажува нивниот син.

Во тек на животот добиле три деца, седум внуци и повеќе од десетина правнуци.

-Речиси и можевме да предвидиме ваков крај. Се заедно работеа во животот. Целиот живот црпеа сила еден од друг- додаде Фил.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска