Платени над 1.700 евра за телефонски број кој лесно се помни

Од:

На аукција во Обединетите Арапски Емирати е продаден телефонски број со седум 7-ки во низа, и тоа за сума од 7.877.777 дирхами (околу 1.750.000 евра).

На наддавањето учествувале повеќе стотици луѓе, и лицитацијата била поприлично жестока. Но, иако непознатиот купувач може да го користи, тој сепак не е сопственик на бројот, оти државната телефонска компанија си го задржува правото да го повлече од употреба кога и да посака.

Со користење на бројот 77-77-777, купувачот добил и двегодишен „дијамантски плус пакет” кој содржи 22.500 минути разговор, 22.500 СМС пораки и 100 гигабајти интернет месечно. Тоа се 12 часа разговор и 725 СМС-и дневно.

На аукцијата се продадени и броевите 77-77-770, 77-77-771, 77-77-772 итн., но секој од нив чини „само“ по неколку стотици илјади евра.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум