„Пиволенд“ од утре до недела на скопско Кале

Од:

Пет дена забава со преку 50 видови пиво, добра храна и одлична музика ќе понуди претстојниот „Пиволенд“. Фестивалот почнува утре во 18.00 часот на скопско Кале, а ќе трае до недела.

pivolend2014-sreda

Со вкусот на Скопско, Златен Даб, Амстел, Хајнекен, Туброг… посетителите ќе можат да уживаат во легендарните Леб и сол и Мизар, во настапите на Културно Уметнички Работници, Астероид Б612, Хроматик Поинт, Бени & Нон стоп, Д Џон, Дани Димитровска, Тијана Дапчевиќ, Тумбао Салса, Тамара Тодевска, Јосип А Лисац, Лозано,…

pivolend2014

Според организаторите, Градот Скопје и „Темов“, мотото на „Пиволенд“ и оваа година е промоција на македонската музика, култура и традиција.

– Сите љубители на добрата храна и музика нека дојдат утре, заедно да го отвориме гурманскиот викенд со пиво, повика денеска градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, потсетувајќи дека целта на фестивалот не е опивање, туку напротив, уживање со умерено консумирање пиво.

pivolend2014-rasporwed

Во рамки на годинашниот „Пиволенд“ ќе има и дополнителен стејџ т.н. Фреш, за млади артисти, каде свирките ќе траат до три часот по полноќ.

На програмата е и концертот „Трибјут ту Пинк Флојд“ особено привлечен за генерациите кои слушаат прогресивна, психоделична музика.

Организаторите укажаа дека тенденцијата на пиво-фестот е промовирање 100 проценти македонска музика што веројатно,  посочија, ќе се реализира идната година.

Би можело да ве интересира

Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов

Наум Локоски

Почна „Пиволенд 2017“

Ана Ололовска

Денес започнува Пиволенд 2017

Наум Локоски

„Пиволенд 2017“ од 7. до 12 август, потоа „Супер Скопје“

Ана Ололовска

Заврши „Пиволенд 2015“

Ана Ололовска

ФОТО: На скопското Кале почна „Пиволенд 2015“

Ана Ололовска