Режисерот, кој е најпознат по трилогијата „Господар на прстените“, Питер Џексон ќе режира филм за Битлси, односно за снимањето на нивниот последен албум „Let It Be“ од 1970 година и сите превирања околу него.
Оскаровецот притоа ќе користи 55 часови досега непознати видео снимки од поп-рок бендот. Снимките првично требало да бидат преточени во телевизиски документарец, но на крајот тие станаа основа за играниот филм „Let It Be”.
Инаку, интересно е тоа што во 1960 година, членовите од групата сакале да ги откупат правата за филмување на книгата „Господар на прстените“. Пол Маккартни сакал да го глуми Фродо, а Џон Ленон – Голум. Меѓутоа, авторот на приказната, писателот Џон РР Толкин ја одбил соработката.