Познатиот синџир пицерии „Пица Хат“ го „лансираше“ својот новитет наменет за нивните ресторани во Велика Британија – пици целосно прекриени со макарони и со сирење.
Специјалитетот чини 21,95 фунти, а една пица е предвидна за двајца.
– Во „Пица Хат“ постојано експериментираме со нови рецепти и сакаме да го создадеме највкусното мени за нашите гости, вели Гарет Хопли, портпаролот на синџирот ресторани.
„Мак ен’ Чиз Стафд Краст“ пицата ќе биде достапна во две верзии – класична, и со вкус на скара.
Сепак, претставникот не откри колку калории ќе содржи една ваква закуска.