Пет типови момчиња за кои мечтае секоја жена

Од:

По прашање на привлечноста, вкусовите на жените се различни. Сепак постојат момчиња кои им се привлечни на сите дами без исклучок. Еве кои типови дефинитивно ги мамат женските воздишки.

Романтичен тип

Цвеќе, убави пораки и песни кои ги напишал само за неа, секогаш палат. Романтичниот тип секогаш е помил од лошите момчиња кои претерано не ги фасцинираат девојките. Жените паѓаат на мали знаци на внимание, па поради тоа, овој тип се најде на листата на најпосакуваните фраери.

Господин „Ѕверка“

Секоја жена барем за момент би сакала да биде во друштво на успешен, маркантен маж, кој и покрај се, успеал да го задржи детето во себе. Спојот на силен, успешен и од друга страна ранлив и нежен маж е неодолив спој за сите припаднички од понежниот пол.

Секси постар тип

Секси, маркантен тип, кој на жената практично може да и биде татко, никогаш не е лоша опција, особено ако не изгледа лошо за своите години. Седата коса која се уште е прошарена со природната боја претставува вистински секси предизвик.

Мажиште

Мачо тип кој не дозволува на ниеден начин да се загрози неговата машкост, но истовремено и нежноста и ранливоста на жената. Тој секогаш е тука да се занимава со машките работи и да ја искажува својата сила на различни начини, што на жените делува како магнет.

Забавувач

Тип кој секогаш засмејува е вистински избор за жената. Неговиот ведар дух може да расположи секого, а популарноста во друштвото, освен смеењето, претставува вистински предизвик за дамите.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска