Пет сигнали дека е крај на врската

Од:

Многу девојки остануваат во врска подолго време откако целата работа престанала да има смисла. Имате заедничко минато, врзани сте, навикнати сте еден на друг, а можеби имате притисок од пријателите и од семејството.

Секако, не треба да се брзате и да ја прекинете врската само затоа што имате лош период, но ако некои работи се повторуваат, тогаш секако подобро е да се стави крај отколу да се продолжи нешто што за вас станало празно, иако на другите тоа не им изгледа така.

Пет сигнали дека е крај на врската:

Вашето задоволство не му е важно

Не му е важно важото задоволство во кревет. Единствено му е важно тој да кулминира, а нема намера да се потруди за вашиот оргазам.

Никаде не му се оди

Вие сакате да излезете, а тој не сака. Гледањето омилени серии на кревет, ни тоа не му се допаѓа. Обично шетање? Не е за него.

Неговото семејство секогаш е на прво место

Особено ако од некоја причина, неговото семејство не е премногу воодушевено од вас, тоа секако ќе биде голем проблем. Исто така, ако тој факт го негира или го дозволува нивното однесување, дури и пред вас, никогаш нема да бидете задоволни.

Имате симпатија

Се почнува со погледи и насмевка, а завршува така што секогаш размислувате за него и за тоа како би било да сте со него. А, ако некогаш и телефонски разговарате, време е да размислите за врска во која моментално се наоѓате.

Барате оправдување

Повеќе не ви е толку многу привлечен ниту забавен, но и понатаму се тешите дека тој е добар дечко, сите ваши пријатели го сакаат, вашата мајка го обожува, некогаш ви било убаво.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска