Поимот „здрава врска“ може да има различно значење од една до друга двојка, но постојат неколку универзални работи кои укажуваат на успешна љубовна врска.
Дајте си простор
Двојките минуваат прилично време заедно, но ако се како „сијамски близнаци“ се загрозува индивидуалноста која е неопходна за одржување на здрав однос со другите луѓе. Двојките во успешни врски се во состојба да му дадат на партнерот слободно време и поради тоа да не се чувствуваат загрозено.
Знаете да кажете извини
Двојките кои преземаат одговорност за работите кои не се во ред и знаат да се извинат имаат тенденција да одржат многу поздрав однос бидејќи се во состојба искрено да комуницираат.
Имате доверба еден во друг
Вистинскиот партнер ќе ви докаже дека ја заслужува вашата доверба додека и самите тоа не го сфатите.
Влијаете еден на друг
Меѓусебно се поттикнувате да ги искористите можностите и да бидете подобри личности во секој аспект.
Покажувате благодарност
Знаете да го пофалите партнерот дури и кога ќе направи мали нешта, како на пример кога ќе измие садови.