Кога се влегува во врска, се очекува само најдоброто, што секако е нереално очекување, но дефинитивно не се очекува она најлошото.
Разделбата, неверството и конфликтите се многу непријатни, но вообичаени појави во врската, но има и такви појави кои се мошне суптилни, а кои се навистина токсични, особено ако не ги забележувате, како следните пет:
Правење пресметки
Им се случува и на најдобрите сосема несвесно, ти помниш што се тој направил, тој ги помни твоите грешки, а кога ќе дојде до кавга двајцата еден на друг си замеруваат на работи. кои се случиле многу порано. Кој направил повеќе, кој не работи доволно…тоа е нешто што полека, но сигурно ја трујат вашата врска.
Пасивна агресија
Иако привидно нема конфликти, пасивната агресија е многу токсична за вашата врска, дури и потоксична од директните судири. Пасивно-агресивно инсинуирање и чекање на конфликт, тоа е форма на психичко насилство, кое може да ја уништи и најдобрата врска.
Обвинување на партнерот за сопствените емоции
Ако сте негативно расположени забележуваат многу работи, кои инаку не би ги забележале, а тогаш сигурно ќе забележите нешто, што никогаш не би забележиле кај партнерот. Ова може да биде токсично, доколклу почнат обвинувањата кон партнерот за нешто што воопшто не е негова вина, туку е поврзано со вашата психичка состојба.
Претерана љубомора
Некои луѓе на љубомората гледаат како на доказ за љубовта, па често претеруваат со неа и не му даваат на партнерот да дише. Ова однесување е токсично, бидејќи на пратнерот му испраќате порака дека не му верувате, а тоа со текот на времето се повеќе ќе ја разори врската.
Купување простување
Праксата која ја имаат многу двојки е конфликтите да ги решаваат со подароци. Секако подарокот може да биде шлаг на тортата од извинување, но тој не го решава проблемот поради кој настанал конфликтот.