Пет причини зошто мажите се неверни

Од:

Еднo од најновите истражувања посветено на машко-женските односи открива во кои ситуации посилниот пол најчесто е неверен.

Кога жената е бремена

Истражувањето покажува дека мажот е склон кон прељуба кога неговата сопруга е бремена.  Не се работи за тоа дека е зол туку дека ризикот го возбудува, а бремената жена очигледно е возбудлива „ситуација“.

Кога заработува помалку од жената

Мажите кога се финансиски зависни од својата сопруга тешко го поднесуваат фактот дека нивната поубава половина заработува повеќе, па затоа потврда за својата мажественост бараат кај други жени. Иронијата е во тоа дека мажите кои заработуваат значително повеќе од своите сопруги исто така се повеќе склони кон прељуба.

Кога имаат мажествен глас

Длабокиот мажествен глас значи поголема самодоверба, а поголемата самодоверба значи поголема шанса за прељуба. Мажите со ситен, пискав глас немаат таква изразена склоност кон неверство.

Кога долго се во врска

Мажите се неверни најчесто кога долго време се во врска која не им одговара. Истражувањата покажуваат дека седмата година е граница на кои мажите „пукаат“ а 50 проценти од неверните мажи вршат прељуба со колешка.

Кога се под стрес

Стресот на работа значи дека на мажите им треба вентил,  а понекогаш стабилната врска не е доволно добра за релаксација. Дури 75 проценти од мажите го навеле стресот како главна причина за нивната прељуба.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска