Жените во години се сакаат себе си и покрај тоа што имаат повеќе брчки или повеќе килограми, а мажите сакаат жени кои се чувствуваат добро во својата кожа.
Кога мажите размислуваат за постарите жени, мислат само на секс со нив. Сепак, има многу предност врската со постара жена, за кои мажите на почеток не се свесни.
1. Знае што сака и не отстапува од тоа
Жените во своите 40-50 години постигнале многу повеќе во животот и знаат што точно сакаат. Дали се работи за нивната кариера, навиките, хоби, жените во тие години не се бараат повеќе, а што може да биде повеќе секси од жена која цврсто стои на своите нозе.
2. Самоуверена е
Жените во години се сакаат себе си без оглед ако имаат брчки или килограм повеќе. Едно истражување покажа дека жената е најзадоволна со своето тело по 49-тата година.
3. Знае што сака во кревет и не се плаши да разговара за тоа
Многу повозрасни жени тврдат дека имаат најдобар секс во животот. Блогерката, Ерика Џегер рече дека во младоста нејзиниот сексуален живот бил возбудлив, но не ја исполнувал. Сега, по 50-та година знае што сака и што е најважно, како да ги искаже нејзините сексуални желби и потреби.
4. Има искуство
Искуството не се однесува само на работа, туку и во спалната соба. Постарите жени знаат што ги возбудува, што го возбудува партнерот и младите партнери дури можат да научат некои нови работи. Од друга страна, поучени од искуството од минатите врски, нема да ги прават грешките кои ги правеле кога биле помлади.
5. Независна е
Повозрасните жени имаат пријатели со кои се дружат скоро целиот живот, навики кои им се важни, работа, хоби… Тешко партнерот може да ги промени нејзините животни навики како што можете кај помладите жени. Постарата жена ќе ве сака во нејзиниот живот, но нема да мора да ве има.