Девојката и кога е во врска мора да остане силна и своја. Пет навики од кои девојките не треба да се откажат поради момчето.
1. Излегување со пријателките
Не е здраво да се поминува секој слободен момент со момчето. Пријателките биле за тебе и пред него, забавата била одлична и тој никогаш нема да може да ги замени нив. Затоа треба да научите паметно да го планирате времето и никој да не биде запоставен.
2. Вежбање
Ако пред врската трипати неделно сте оделе во фитнес-центар и сега треба да продолжите. Тоа важи за сите хобии, бидејќи тие ве прават среќна.
3. Самостојно одлучување
И покрај тоа што сте во врска некои одлуки дефинитивно треба да ги донесувате заедно, пред се тие што се однесуваат на вашиот однос и врската. Но, одлуките кои се однесуваат на кариерата и како да се облечите, треба сами да ги носите.
4. Промена на изгледот
Ако сте сакале да ја смените фризурата, направете го тоа. Можеби тој ја сака вашата долга коса, но ако сакате промена треба да мислите на себе.
5. Ноќ со омилената серија
Тоа што не сакате да излезете и сакате да бидете сама, со чаша вино и омилената серија е сосема нормално и тој треба тоа да го разбере. Тоа е компромис и е еден од темелите на здрава врска.