Пет карактеристики кои ги поседува совршената жена

Од:

Самодовербата е голема работа, ако ја имате може да ви ги отвори сите врати, но ако ја немате, може да ви ја затвори и онаа врата која била отворена. Жените со голема самодоверба се поуспешни во работата, но и во љубовта.

Совршените жени имаат пет карактеристики:

1. Не прашуваат дали им се допаѓаат на мажите

Додека несигурните жени прашуваат дали нивниот изглед и гардероба се доволно добри за мажите и дали се интересни, жени со самодоверба воопшто не размислуваат на тој начин. Тие не прашуваат дали ќе им се допаднат на мажите туку очекуваат дека сигурно ќе им се допаднат и првенствено размислуваат дали тој ќе им се допадне ним.

2. Јасно им е поради што се разделиле

Додека жените без самодоверба по разделбата со партнерот се прашуваат каде згрешиле, жените кои се сигурни во себе знаат дека врските „пукаат“ и не живеат во минатото.

3. Имаат граници

Знаат што сакаат, а што не сакаат и не играат како што мажот свири, туку како што ним им се танцува.

4. Веруваат во себе

И не планираат да се предомислат или да ги жртвуваат своите уверувања само за да имаат маж.

5. Не се фалат

Жените полни со самодоверба немаат потреба да глумат тоа што не се ниту да ги импресионираат луѓето со евтини самофалби. Тие сами на себе си се доволни и од мажите очекуваат да ги препознаат нејзините квалитети без тие да ги потенцираат.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска