Летните горештини, пропратени со потењето, може да ја уништат и најелегантната фризура. Само затоа на лето, фризурите и облека, треба да бидат едноставни и нежни.
Дали планирате да одите на заслужен одмор на море со сончање и пливање и долги прошетки и луда ноќ ? Тогаш одберете една од летните фризури.
Коњска опавче
Вечната „коњска“ опашка е непогрешлив избор за на плажа, и ноќен живот . Еве како изгледа тоа на Лорен Конрад и Џенифер Анистон.
Трендовски пунџа
Ако сакате вашата коса да изгледа совршено, дури и по излегување од морето , погледајте ги фризурите на Сандра Булок и Џесика Алба и обидете се да направите вакви пунџи.
Природен изглед
Природни нијанси на коса и едноставни фризури се тренд, кој никогаш не излегува од мода. Го сакаат и познати убавици како Дорис Пинчиќ и Алесандра Амброзио. Дозволете и на косата да диши и пуштете ја да паѓа слободно.
Плетенки
Плетенката повторно се врати на голема врата. Тоа го знаат и Блејк Ливли и Џордин Спаркс. Немирна плетенка е вистински хит.
Модни додатоци
Капи, шешири и машни за коса се мал дел од палетата додатоци, кои обичната, пуштена коса ја претвораат во тренд стајлинг за ден и ноќ, каков што сакаат Франка Бателиќ и Парис Хилтон.